речник контакт

Жито Вардар излегува од финансиската криза

Ако лани овој период Жито Вардар борчел 50 милиони денари, сега е во добивка од 27 милиони денари

Петар Печков


Во објавените извештаи на “Жито Вардар" од Велес и во консолидираните и во единечните извештаи прикажана е добивка за првите 6 месеци од 2012 година. Групацијата остварила добивка од 27.102.000 денари (439.967 евра) , наспроти загубата од 48.889.000 денари за истиот период лани. 

Оперативните приходи се зголемени за 8%, а од нив приходите од продажба на странски пазари пораснале двојно во однос на истиот период од минатата година (нивното учество е 15,39% во вкупните продажби на компанијата).  Инаку, од промена на вредноста на залихите прикажан е приход од 22.318.000 денари (362.894 евра) за 6 месеци од 2012 година.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »