речник контакт

Жито Вардар повторно пече леб

Велешани овој леб денес го трошеа како алва

Петар Печков

Од денес, среда,  на пазарот, повторно се врати лебот на Жито Вардар. На задоволство на поголемиот дел велешани, еден од брендовите на градот, пак се пече, по пауза од година дена.

Лебот со цена од 20 денари може да  се најде во  маркетите на ,,Вемарк,, и другите продавници во  Велес. Колкав е интересот и побарувачката најдобро зборува фактот што таму каде се продаваше лебот на Жито Вардар , тој бргу се трошеше а другите стоеја на полиците. Во продавницата ,,Стела,, спроти Пошта, лебот беше носен во три наврати, се до 13ч и сите количества беа продадени.

Од Жито Вардар нема информација колку капацитет имаат за почеток и за рестартот на Пекарата, дали ќе произведуваат и печива,  но за повеќето велешани овој леб како едвај да чекаа повторно да се најде на пазарот.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »