речник контакт

Жито маркети го отворија 15-тиот продажен објект во Велес (фото)

Овој маркет е модерен спој од два дела кои како целина нудат поинакво искуство на своите посетители

Петар Печков

Жито Маркети, денес, сабота, септември  го отвори новиот 15-ти по ред, ексклузивен Жито маркет.  Ова е 58-ми продажен објект во земјава на компанијата,  која 31 години е присутна на македонскиот пазар.  Во присуство на менаџментот на компанијата , многубројни деловни партнери, и секако лојални купувачи од Велес, беше отворен маркетот, кој се наоѓа во близина на Гимназијата.  За отворањето имаше голем интерес кај велешани, кои побрзаа да набават од производите, некои и со високи попусти. 

Нашата ЖИТО приказна започна во 1988година токму во Велес. Овој пат почувствувавме потреба да направиме дополнителна понуда за нашите купувачи , нови содржини  по што ќе се разликува овој маркет од останатите. Со посебно внимание и љубов се потрудивме да создадеме едно катче за граѓаните  почнувајќи од визуелниот изглед , внатрешниот амбиент ,различниот и богат асортиман. Задоволството е уште поголемо кога нашите граѓани оставаат позитивен коментар дека тие  имаат еден од најубавите објекти во централното градско подрачје каде ќе имаат можност со задоволство да пазаруваат - кажа сопственикот Ване Ѓошевски. 

Новиот ,,Жито маркет,, е лоциран е на ул. Оливер Китановски бр.1 на вкупна површина од 590м2 на два ката со вкупно 20 вработени. Внатрешно и надворешно објектот е обновен и преуреден во целост, со што доби нов и префинет изглед.  Овој маркет е модерен спој од два дела кои како целина ќе им понудат поинакво искуство на своите посетители. 

Во првиот дел, потрошувачите ќе најдат широк асортиман на производи како и во останатите Жито маркети вклучително и пиљара, свежо печени пекарски производи, печено пиле.

Вториот кат , е современо и пријатно катче во кое ќе најдете се’ за Вас и Вашиот дом- кујнски прибор, постелнина, текстил, играчки, книги, домашен декор, предмети за домаќинство, од познати домашни и странски брендови. 

Работно време/ ПРИЗЕМЈЕ: пон-саб 7:00-21:30 и недела 07:30-21:00. КАТ: пон-саб 08:00-21:00 и недела 08:00-15:00. 

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »