речник контакт

Забава има и на Пиволенд во Скопје

Од вечерва среда до недела многу гости и на Пиволенд

Петар Печков

Нова понуда за забава следенети пет дена, од вечерва среда до недела. И тоа на Кале во Скопје на Пиволенд. Меѓу бројните гости се Тони Китановски, Бени Шаќири и ДКН –среда, Тамара, Некст тајм, Вера јанковиќ, Нокаут –четврток, сабота Дани и Едо мајка и в недела вечер  Електрични оргазам, Јаков Дренковски, Алачки и Чалгии, Кантурови. 

Сите љубители на пивото на овогодишниот фестивал ќе можат да си одберат помеѓу триесетина видови на пиво, домашни и странски, како и да уживаат во големиот избор македонска традиционална храна од десет различни ресторани. Оваа година фестивалот ќе има три бини со различен тип на музика, и тоа: главниот, ДЈ  и кавер бенд .

Влезот на фестивалот, како и секоја година, е бесплатен за сите посетители. Оваа година по шести пат во Скопје ќе се одржи гурманскиот викенд со пиво – Пиволенд.

АНКЕТА »

Дали граѓаните ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот, да останат дома, да има растојание кога се чека во редица пред банка, маркет?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »