речник контакт

Заборавени, жедни и калливи

150 жители на населбата Градско Водостопанство живеат во мизерни услови, без вода, каналзиција, калив земјен пат

Петар Печков

Четирмесечниот Давид Стефанов од   Градско водостопанство   неговата мајка не може да го избања, прехрани,  да  му ја одржува хигиената оти населбата каде живее нема вода. Поради тоа употребуваат непроверена вода па на телото од бебето има   израстоци кои се јавиле деновиве. Таква е судбината и на повеќето деца од населбата кои се  судруваат  со истиот проблем, поради што од вчера не посетуваат настава во ОУ Даме Груев во Градско.

Нивните родители се одлучиле на ваков чекор поради условите во кои живеат. Нивниот револт ескалираше и се заканија со други средства на граѓанска непослушност, се додека не се решат егзистенцијалните прашања за нивен нормален живот. Протестираа пред зградата на локалната самоуправа.

Немаме вода, канализација, асфалтиран пат на улица 4-ти јули и нејзино осветлување, живееме во мизерни услови. Побаравме писмено  овие наши проблеми да ни бидат решени, одговор нема. Бидејќи градоначалникот  Коцев во времето на сите три негови мандати ни го ветуваше затоа протестираме. Десет години не е ништо поместено. Децата нема да одат на училиште, бидејќи како да ги пуштиме. Немаме вода за се избањаат, на школо се смеат со нив. Ќе се разболат, заразат од нехигиенските услови. Нас на улица не изнесе маката, проблемот, ниту една партија или човек. Децата навечер си доаѓаат по земјен пат кој постојано е под вода и тие се намокрени, иако ни вети дека  бесплатен автобуски превоз, го нема.  Патот е темен, лани во селото волк задави повеќе животни и децата со страв доаѓаат дома а сме на стотина метри од седиштето на општината па се организираме да ги чекаме  – вели Гоце Илиев  од населбата Водостопанство. 

Проблемот започнал пред повеќе од една година кога во нивниот водоводен систем навлегла отпадна вода од блиската свињарска фарма. Оттогаш системот е неупотреблив. По ова тие се снаоѓаат со вода како знаат и умеат. Од април до средината на октомври добиваат технолошка вода со која мијат садови, перат, се капат. Додека со вода за пиење се снабдуваат од близок извор, за кој се сомневаат дека се полни од вода која тие ја исфрлаат од нивните домови и се собира на педесетина метри над извориштето. Канализацијата е отворена и тече низ селото

Од недела ќе престанеме да добиваме технолошка вода од езерото Тиквеш.  Тогаш како ли ќе одржуваме хигиена, како ли ќе се бањаме. И од таа на телото повеќето жители во селото се нафрлани, имаат брунки . Што ќе правиме ама мораме. А од наредната седмица и неа ќе ја нема. Вода пиеме од извор, кој никој го нема испитано дали е квалитетен. Од него пијат и луѓето и животните. Приодот до него е стрмен. Пред некој ден падна седумдесет годишна жена и си ја скрши ногата. Зимоска на снегот десетина жени завршија со скршеници. Децата цело лето леб, паштета и маргарин ни јадат, немам услови ручек да им спремиме. Им браниме вода да пијат, оти ен знаеме каква е  – вели Габриела Илиева.

Во селото се чуваа и крави, кози, кои за поење  се носат дури до  реката Вардар.  Градоначалникот на општина  Градско  објаснува дека за да се реши проблемот потребни се пари, а жителите на населбата не биле плаќачи.

За да можеме да ги решиме проблемите на жителите од Водостопанство, потребно е тие да ги плаќаат општинските давачки. Тоа никој не го прави. Населбата  е дива, не легализирана, така што е тешко да се работи. Не испраќањето на децата на училиште  е нивна злоупотреба – вели Глигур Коцев градоначалник на општина Градско.  Жителите на населбата чекаат одговор на нивното барање за легализација на куќите, кое го доставиле пред една година.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »