речник контакт

Забрана на водата за капење во велешко

Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесе решение со забрана на водата за капење, спорт и рекреација на луѓето, за наводнување на земјоделските површини и за напојување на стоката, на реката Вардар од влезот во Велес до фабриката ХИВ, на реката Бабуна во долниот тек после кланицата Л&Ј и реката Тополка низводно од населбата Превалец.

Петар Печков

Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесе решение со забрана на водата за капење, спорт и рекреација на луѓето, за наводнување на земјоделските површини и за напојување на стоката, на реката Вардар од влезот во Велес до фабриката ХИВ, на реката Бабуна во долниот тек после кланицата Л&Ј и реката Тополка низводно од населбата Превалец. Ова е  резултат на испитувањата на здравствената исправност на површинските води во Велес извршена од страна на Заводот за здравствена заштита – Велес, кој констатирал дека овие води се од четвтра категорија на загаденост.  

Надлежните апелираат до граѓаните, а особено на риболовците за почитување на забраната заради заштита на нивното здравје и сигурност. Езерото Младост според ЗЗЗ е можно капење и покрај присуството на алги, а водата во Градскиот базен е  исправна. Од оваа институција единствено не можеа да кажат за квалитетот на  водата на базенот од Хотелот Романтик, кој како јавна површина се должни да го исптиуваат, но тоа не е сторено.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »