речник контакт

Заврна дожд, сондите за ПМ 10 честичките пак не работат

Екологистите од Велес реагираат, поправете ја сондата во градот, не знаеме каков водух дишеме

Петар Печков

Во воздухот во Велес,  мерните инструменти  на Министерството за  животна средина повтроно   не ги регистрираат ПМ 10 честичките. Од почетокот на месецов пак не работат. Тоа се случува секогаш кога ќе заврне дожд, па од таа причина, влагата влијае  овие честитчки да не се мерат, за разлика од чадот и ЅО2, чии вредности се бележат. Ова беше  причина да реагираат и од ЕД Вила Зора, од Велес.  

Изразуваме јавна реакција поради повторниот дефект на сондата за мерење на концентрацијата на PM 10 честичките на станицата Велес 2.  Сметаме дека надлежното Министерство треба да ја замени сондата, со цел да се врши редовен мониторинг на концентрациите на штетните честички во воздухот, слично како и во другите градови во Р.Македонија.  Очекуваме итна замена на сондата и решавање на проблемот - пишува во писмената реакција на ЕД Вила Зора.   

Автоматската мерна станица  Велес 2  зимава повеќе не работи  отколку што е  во функција. Не работеше седум дена и на почетокот на декември од 1-ви до 8-ми.  Потоа цел месец од 27 декември до 27 јануари.Од рпекин е повторно од  1-ви февруари.

Се случува  нејзините резултати да предизвикуваат реакции кај јавноста, оти имаше часовни пикови кои стигнуваа и до илјада мг на  м3, вредности кои потоа беа  бришени а граѓаните беа во дилема каков воздух дишат. Претходно реагираа и од ЕГ ,,Зелена сила,,. 

Во зимава, во најголемото загадување, ние не знаеме  каков воздух дишеме. Мерните инструменти повеќе грешат, не работат и не покажуваат каков е квалитетот на воздухот, што е недозволиво - кажа Игор Смилев од ЕГ ,,Зелена сила,,.

АНКЕТА »

2017-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »