речник контакт

Завршија градежните работи за изградбата на црквата Св. Кирил и Методиј

Завршија градежните работи за изградбата на црквата Св. Кирил и Методиј лоцирана во Младинскиот парк, во центарот на Велес.

Петар Печков

Нејзината изградба започна во јуни 2006-тата а според претставниците на Повардарската Епархија на МПЦ би требало да биде готова во средината на 2012 година. Останаа да се изработат најзначајните елементи за еден верски објект, живописување со фрески, цртање икони за иконостасот, кој веќе две години го работи копаничарот Љубомир Бисин. Црквата  е дело на архитектот Тодор Паскали од Охрид и има  површина од 500 метри квадратни 

Таа е во византиски стил, еднобродна со кршен камен и со камбанарија која е надвор од објектот, висока 25 метри чија изградба е во тек.  Велешкиот храм на лик ќе биде по пример на црквата „Св. Богородица“ во село Калишта- струшко, и се гради со средства од МПЦ, донатори и верници.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »