речник контакт

Завршија 47-те Детски Рацинови средби

Награди за младите велешани Алдина Шатара на литературниот и Буба Мијакова, Иво Мирчев, Никола Петровски, Мартин Спирковски по ликовниот конкурс

Петар Печков

 Завршија 47-те Детски Рацинови средби, со поетско читање по велешките средни и основи училишта.  Децата од повеќе градови од земјава гости на Рациновите средби претходно традиционално ја посетија Спомен куќата на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во стариот дел на Велес, каде свој перформанс има велешките гимназијалци а беше положено свежи цвеќе на двата споменика на поетот.

На средбите беа наградени и најдобрите творби од распишаниот литературен и ликовен конкурс на тема „Рациновите мугри предизвик на ново творештво“. На конкурсот, како што информира Игор Крајчев од Организацискиот одбор на средбите, пристигнале 200 творби од основците, а годинава првпат учествуваа и средношколци од први и втори клас од земјава.

Најуспешните и статуетката на средбите афионова чушка.

Во категорија 6 и 7 одделение прво наградена се Анастасија Митева од ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци, категорија 8 и 9 одделение Дијана Дурлевиќ од ОУ „Димо Хаџи Димов“ од Скопје, а во категорија средни училишта 1 и 2 година, Ангела Јончиќ од СОУ „Таки Даскалов“ од Битола. На литературниот конкурс трето наградена е ученичката од 6-то одделение Аделина Шатара од ОУ  Рајко Жинзифов од Горно Оризари..

На ликовниот конкурс првата награда во категорија 6 и 7 одделение ја доби Иво Мирчев од ООУ„Свети Кирил и Методиј“ од Велес, а во категоријата 8 и 9 одделение најдобар беше Благоја Гроздановски од ООУ „Гоце Делчев“ од Кавадарци. Кај средните училишта првата награда ја освои Буба Мијакова од ОСУ„Јовче Тесличков“ од Велес. Награди добија  и младите велешани за  второ место Никола Петровски – деветто одделение и  Мартин Спирковски – осмо одделение за трето место, и двајцата од  ООУ Васил Главинов. 
 
За крај на манифестацијата беше промовирана книгата ,,Олје брада, на  животинска фарма,, на штипјанецот Трајче Кацаров 

АНКЕТА »

Дали стравувате од корона вирусот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »