речник контакт

Заврши климатската рехабилитација на децата во Михајлово (фото)

40 деца основци од Велес седум дена престојуваа на планината Кожуф

Петар Печков

Една седмица децата од Велес престојуваа во одморалиштето Михајлово, каде  успешно спроведена годинашната, 17та по ред Климатска рехабилитација.   

Таа беше организирана  од страна на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение од Велес, а финансиски потпомогната од општина Велес. Од 4-ти до 10-ти Август на планината Кожуф, 40. деца од Велес имаа можност да престојуваат на чист воздух,

Децата учесници на климатската рехабилитација имаа можност  да се дружат и запознаат меѓусебно и да научат нова животна вештина, преку организирани едукативно-интерактивни работилници на неформален начин. Покрај секојдневните прошетки во природа, учесниците, секојдневно го развиваа и спортскиот дух. ДРГЗП, со гордост заклучува дека и оваа климатска рехабилитација е успешно спроведена, со остварена зацртаната цел, преку целосно спроведување на подготвената програма и активности, а со ентузијазам и позитивна мисла - изјавија од Друштвото на родители за грижа за здраво поколение од Велес,

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »