речник контакт

Завршната сметка за 2010-та Киро Ќучук ја поднесе во 2012-та

Незаконското и диво работење на Киро Ќучук му нема крај

Петар Печков

На истекот од рокот за поднесување на завршните сметки за 2011-та година, АД Киро Ќучук ја поднело таа од 2010-та, додека за ланската година немале абер и таа не е поднесена до 29-ти февруари, до кој ден беше последниот рок.Ова го изјавија лица кои се вклучени во работата на друштвото, на кое му се подготуваа стечај.

Ова е нов показател за ,,домаќинското,, работење на фирмата како што милува да каже нејзиниот директор Киро Камечв за која вели дека некој сака да ја оцрни во јавноста. И доека работнците не одат на работа со месеци, се трупаат долговите кон доверителите. На страницата на велешкиот суд секој ден по некоја објава. Така на листата на тие што чекаат да напатат пари се најдоа и ЈКП Дервен и Македонска телекомуникации. Додека работеа на вработените им се делеа пари на црно во ноќните часови, на рака.

Сметката на АД Киро Ќучук е блокирана од 30-ти јуни 2006-та година. Во меѓувреме во велешкиот суд продолжуваат судските процеси против директорот Камчев. Во првиот затоа што ги продал 900 илјади цигли кои биле оставени како залог од УЈП за неплатен данок и за втората затоа што сакал од пари од друштвото да плати акции на трето лице. И натаму останува енигмата за чии се 4,4 милиони денари кои беа пронадјени во неговата ташна кога беше уапсен на 20 мај 2008-та година.

 Државата пак поради неплатени концесии му ги одзеде површините од каде фирмата копаше глина и таа сега нема суровини за работа.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »