речник контакт

Загина мотоциклист во Велес

Јане Цуцулоски (29год) излетал од патот и починал

Петар Печков

Утринава во 5 часот  почина мотоциклист, под  се уште неразјаснети причини. Јане Цуцулоски ( 29 год) од Велеc им подлегнал по повредите кои ги здобил, кога со неговиот мотор  марка  ,,квинки,, излетал од сообраќајницата.

Според полицијата до несреќата дошло кога  Цуцуловски од засега неутврдени причини изгубил контрола и удрил во земјен канал за атмосферски води.  Кога дошла екипата на Брза помош, веќе било доцна, од здобиените повреди младиот велешанец  починал на лице место.

Несреќата се случила во новиот дел нa градот, на улица Благој Ѓорев кај Детската градинка  а Цуцуловски со моторот се движел во правец кон центарот на градот. Tелото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина заради  обдукција

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »