речник контакт

Заглавен товарен воз во центарот на Велес, го блокираше железничкиот сообраќај

Причина дефект на локомотивата. Снегот и мразот придонесоа возовите да сообраќаат кон сите релации со големо задоцнување

Петар Печков

Товарниот воз од Гевгелија за Скопје вечерва поради дефект на локомотивата два и пол часа беше заглавен на пругата во центарот на Велес.

Од 18 часот и 30 минути до 21 часот возот стоеше заглавен меѓу мостот „Гемиџии“ и Стар мост во Велес поради што беше блокиран  железничкиот сообраќај а во помал дел и автомобилскиот. Од Железничката станица во Велес информираат дека е донесена нова локомотива и оти возот ќе тргне за Скопје. Поради ова патничкиот воз од Скопје за Гевгелија и од Гевгелија за Скопје доцнеа  два часа.

Снегот го отежна железничкиот сообраќај во Македонија. Веќе два дена не сообраќа Пелагонија додека возовите кон Битола одат со големо задоцнување, оти не можат да ја искачат угорнината кон Богомила. Проблеми има и со останатите правци, каде снегот и мразот се причина за задоцнување кое се движи и до еден час.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »