речник контакт

Загор и Дилан Дог на македонски

Познатите стрип изданија и јунаци, можат да се купат и во Македонија

Петар Печков

Во издание на новоотворената издавачка куќа „М-Комикс“ почна да се дистрибуира ново стрип-издание, и тоа од култниот „Загор“. Како што јавуваат од издавачката куќа, во текот на овој месец ќе почне да се издава и стрип-серијата „Дилан дог“. А покрај овие бестселери, кои се во издание на италијанската издавачка куќа „Бонели“, од следниот месец, за првпат на македонски јазик, ќе се издаде и вестерн/хорор приказната „Магичен ветер“, која неодамна го доживеа своето прво издание на американскиот пазар.

Планот на „М-Комикс“ е да се запази едно замислено темпо, односно на секои 15 дена са се издава по едно стрип-издание. Така, „Загор“ предвидено е да биде месечно издание, додека изданијата „Дилан Дог “ и „Магичен Ветер“ ќе бидат двомесечни.

Новото за што се залага „М-Комикс“ е да се задржи употребата на македонскиот јазик и на кирилицата и преку неофицијалните кирилични логоа. Имено, покрај тоа што на предната пластифицирана корица ќе стои оригиналното лого (авторско право на „Бонели“), нивната идеја е да биде застапено и логото на македонската издавачка куќа.

„М-Комикс“ и овие изданија, како што велат од новата издавачка куќа, секако ќе ја збогатат македонската стрип сцена и ќе го задржат вниманието, како на старите, така и на новите читатели, што од друга страна ќе биде поттик за издавање на други светски стрип-серии и изданија на македонски јазик, како и за поинтензивно реализирање на идните проекти од страна на домашните автори.

Изданијата можат да се набават во стрип- книжарницата, како и на киосците низ сите градови во земјава.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »