речник контакт

Заеднички концерт на хоровите ,,Св. Злата Мегленска,, и Беркли од САД

Редок концерт и прекрасна вечер им приредија на велешани Женскиот камерен хор ,,Св. Злата Мегледнска,, од Скопје и мешаниот хор ,,Беркли,, од Калифорнија САД

Петар Печков

Редок концерт и прекрасна вечер им приредија на велешани  Женскиот камерен хор  ,,Св. Злата Мегледнска,, од Скопје  и мешаниот хор ,,Беркли,, од Калифорнија САД.

Преработките на традиционалните македонски песни, во хроска изведба на ,, Св. Злата Меглеснка,, под диригентство на   Летка Димовска Полизова не оставија никого рамнодушен во Амфитеатарот од Младинскиот парк во Велес.

Концертот беше прекрасно доживување за пуибликата, која со силни аплаузи ги испрати хористите. 

Вечерашниот настап беше  една мултикултурна програма која ги зближи двата хора и со тоа оствари нов мост меѓу двата пријателски народи, македонскиот и американскиот - изјави  диригентката  Димовска Полизова.

Посебно впечатилива беше заедничката изведба на  старата македонска песна ,,Што ми е мило ем драго,, . Иако двата хора немале досега  заеднички настап тие одлично ја изведоа оваа струшка песна.  Женскиот хор ,,Св. Злата Мегленска,,  настапи со сплет на преработени во хорска музика, стари македонски песни, кои ја воодушевија публиката.

Потоа свој  получасовен настап имаше Мешаниот хор „Беркли“ на Прво презветеријанска Црква на Беркли од Калифорнија под диригенско водство на  Мичел Ковингтон  и во пијано придружба на Џон Валко.

Тие настапија со традиционалени африкански песни, потоа госпел нумери и традиционални американски песни. Хорот од Беркли е на Балканска турнеја, настапуваше низ  Далмација, Св. Стефан Црна Гора а продолжува за Грција.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »