речник контакт

Заклетва на мартовската класа војници доброволци

Нови 205 војници наредните 3 месеци за свој дом ќе ја имаат велешката касарна. Во пресрет на 8-ми март 13 девојки наместо цвет во рака, земаа пушка на рамо

Петар Печков

Нови 205 војници,  од нив 13 девојки во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман ја дадоа свечената заклетва. Тие се 22-та генерација на доброволци, кои на овој начин служат војска..

Предизвик ми беше униформата. По цел ден  ми е исполнето времето . Се што се сака не е тешко. Се надевам дека еден ден ќе влезам во редовите на војската – изјави Мартина Георгиева (21 год) дипломирана образовни науки.

Војниците во касарната ќе ги минат  наредните два и  пол месеци, со будење во 6 и легнување во 22 часот, во војничка храна и маренда и обука по терените.

Тука во армијата се градиме како луѓе. Сите што сме тука, очекувавме дека ќе биде тешко и мора да се соочиме со ова   Стефан Карчовски (21 год)   ветеринарен техничар.  Овој чин  на заклетва им го честиташе министерот за добрана Талат Џафери, за кого оваа бројка  е висока  и е во прилог на   мерките кои се превземаат за повисок одѕив на младите за доброволно служење на АРМ. На претходната заклетва, во ноември имаше 255 војници доброволци, а последните генерации се со доброволци  кои се движат околу 200. 

Со доброволното служење војска, овие доброволци стекнуваат еден од предусловите за  ангажирање како редовни професионални војници на АРМ. Очекуваме дека на идните конкурси што ќе ги имаме за професионални војници ќе имаме значително зголемен број кандидати, по измената на Законот со кои се решава  нивното трајно  материјално обезбедување. Така ќе имаме и поквалитетен избор на кандидати кои се во армијата  а потоа и во професионалните редови на АРМ – рече министерот Џафери.

Во пресрет на Денот на  жената, 13 девојки со пушка во строј, наместо со цвет во рака, дадоа свечена заклетва.  За Џафери  оваа бројка е несоодветна и ги охрабри припадничките на понежниот пол да ги има повеќе во иднина и нивниот број да се зголемува.  Тој  не знае  за  неколкуте случаи на војници доброволци, кои со правосилни пресуди  од Основниот суд во Велес се осудени поради дезертерство, дистрибуција на дрога или кражба на муниција.  Прашањето за селекцијата на војниците доброволци, тој го остава на стручните лица, кои истата ја вршат.

Откако сум јас  министер во овие 13 месеци, таков  случај немало. Нашата младина не е исклучена од пороци. Не сум убеден дека соодветните здравствени институции кои ги извршуваат лекарските прегледи, ќе дозволат таков кандидат, со такви пороци, да мине. Но такви работи не може да се исклучат  - изјави министерот за одбрана Талат Џафери.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »