речник контакт

Запалени два автомобили, за 15-тина минути

Полицијата бара одговор, кој и зошто,опожари два автомобила во неделата ноќта, на две различни локации од градот

Петар Печков

Запалени се два патнички автомобили во неделата ноќта во Велес, за само 15-тина минути разлика, информираа од СВР Велес. 

Првиот автомобил кој е опожарен  е ,,фолсваген пасат,, во 2 часот и 45 минути по полноќ, сопственост на М.Г. ( 42 год), кој бил на улица  Лазо Осмаков бр. 8. Вториот автомобил кој е опожарен, петнаесетина минути по претходниот  на улица Белградска бр. 86  е ,,голф 4,, сопственост на Б.С. ( 32 год).

И во двата случаи изгореле предниците од автомобилите и  од огнот е предизвикана материјална штета од три илјади евра.

Од СВР Велес велат дека работат на расветлување на  двата случаи, за кои не сакат да кажат дали се поврзани меѓусебно.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »