речник контакт

Запалени два автомобили кај Св. Кирил и Методиј

Уништени се опел корса и фолксваген голф, сопствениците добивале закани

Петар Печков

Ноќеска околу три часот изгорени се два автомобили, кои се целосно оштетени во подметнат пожар. Според МВР инцидентот се случил  во  3,10 ч на  улица  Архиепископ  Михаил, пред куќните броеви 75 и 79.  

Запалени се два автомобили со велешки регистарски таблички, опел корса сопственост на М.А. (49 год) и фолксваген голф сопственост на А.Н. (20 год).  Направен и увид и се трага по сторителот – изјавија од МВР.  

Сопствениците на автомобилите  велат дека досега добивале закани, за што била информирана и велешката полиција и дека има сведок на запалувањето на возилата.

Околу три часот слушнавме звук на кога гори бензин. Прозорот е на улица излеговме и видовме како гори нашиот автомобилот. Гореше и на комшијата и просторот помеѓу двете коли, како што минел тој што ги посипал со  бензин така се запалила целата околина – вели  Марјан  Абрашев.  

Тие повикале пожарна која дошла и го локализирала огнот од двете возила.  И двете според сопствениците се оштетени 100 отсто во делот на моторот.  И двајцата сопственици добивале  закани, заради спорен случај. Сведок го видел сторителот.

Утрото во време кого се запалени   колите, си доаѓал дома комшија. Го видел сторителот како ги пали возилата, лице на околу 40-тина години возраст, со долга  коса и побегнал по сокачињата. Јасно е  дека  цел биел нашите два автомобили, оти тука имаше утрото околу десетина возила а се запалени само нашите два,  од  соседите. Имаме сомнежи за што ја информиравме полицијата. Ни се закануваат и на семејството, мајка ми, повеќе не може да молчиме – вели Димче Николов. 

Пред извесен период беше опожарен и  автомобилот на командирот  на велешката полиција Димче Ѓуров, на заменикот  командир на СВР Велес Ердинч  Мемедалиев. Ланската година пак истото им се случи на автомобилите на тогашниот претседател на Основен суд Велес, Ордан Лазаровски, на судиите Шефшет Адеми и  Габриела Гајдова, пред два месеци   на финансискиот  директор на Жито Вардар, Урош Тасев.  Сторителите досега не се откриени.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »