речник контакт

Запален стан во К2, горела кујна

Со брзото пристигнување и брзата интервенција на велешките пожарникари пожарот е спречен

Петар Печков

Велешките пожарникари гаснеле запалена кујна од  стан во населба Нова населба, карши касарната. Интервенирале со две возила. Деталите од информацијата на ТППЕ Велес.

„На 14. Јануари  во 14:30 примена е дојава за запален стан во  комплекс К2 .  Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со две против пожарни  возила и пет пожарникари спасители. По пристигнување на лице место од наша страна пожарот е ликвидиран. Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција пожарот е спречен во кујната во станот и не е дозволено негово проширување“ – соопштија од ТППЕ Велес.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »