речник контакт

Започнаа годинашните работи на археолошкиот локалитет Стоби, со намален обем на финансиски средства за работа (фото)

Продолжува конзервацијата на Теодосијанската палата, кој се реализира со грант од фондацијата Каплан од САД

Петар Печков

Започнаа  годинашните археолошки истражувања и конзервација  во локалитетот „Стоби“. Од страна на Министерството за култура  добиени се  средства за  пет проекти.  Тоа се  конзервација на резиденцијален и комерцијален кварт од рановизантиско Стоби, конзервација на Јужен бедем и Јужна порта близу храмот  на Изида, реконструкција на плоштадот, доистражување и реконструкција на Римски театар  и реконструкција на Епископска базилика.

„Годинашниве истражувања на комплексот Епископски базилики вклучуваат простор кој е надвор од нив. Пробуваме, се обидуваме да стигнеме до објект кој  треба да е  поран од Епископската базилика. Според истражувањата од 70 години, долу се пронајдени остатоци од бања. Со годинашниве истражувања ќе се обидеме да потврдиме постоел или не“ - кажа Димитар Николовски археолог.
Од година во година за жал средствата кои се добиваат од Министерството за култура се се` помали и помали, иако цените на материјалите за работа се зголемени,   што го  скратува периодот за работа на археолозите. Работите на Римскиот театар, годинава 11-та по ред продолжуваат.  Тоа што посетителите можат да го видат е само четвртина од гледалиштето, кое собирало седум илјади гледачи. Се работи да се врати дел од сјајот од некогашниот објект.  

„Годинава работиме на супструкцијата , горниот дел на гледалиштето, каде публиката циркулирала пред да седне на седиштата., Останува 20 отсто од откриените ѕидови за се конзервираат.  Целта е да добиеме податоци за театарот за неговата изградба, неговата употреба. долниот дел од гледалиштето имал 18 редови а горниот 14 до 17. Театарот бил главното обележје на Стоби, место каде се одвивал јавниот живот, освен театар имало и гладијаторски борби“ - рече Гоце Павловски археолог.

И годинава продолжува конзервацијата  на Теодосијанската палата, кој се реализира со грант од фондацијата Каплан од САД вреден 300 илјади долари а треба да заврши следната година.
Почетокот на археолошките работи годинава  ја отвори сезоната на посетители, кои се бројни. Од НУ Стоби според првите впечатоци, очекуваат  многу гости, повеќе од рекордната  2018.   

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »