речник контакт

Започнаа предавањата за бруцошите од Економски Факултет, дисперзирана настава во Велес

130 бруцоши од есенва ќе ја следат наставата во Велес на два факултети. Машинскиот и Земјоделскиот без студенти. На Право, втора година во Велес засега двајца

Петар Печков

Започна првиот академски час и наставата за  за бруцошите од Економскиот факултет  дисперзирани студии по сметководство и ревизија во Велес. Шеесетина студенти ги добија индексите и со две седмици доцнење, поради немање простор  ја започнаа учебната година. Така во Велес ова есен има вкупно 130 бруцоши, на Економскиот и ТТФ при Битолскиот Универзитет. 

Дисперзирани студии  на Машинскиот факултет по индустриско инженерство и менаџмент и дисперзирани  студии по преработка на земјоделски производи - модул енологија и дисперзирани студии по преработка на земјоделски производи – модул лозарство есенва  во градов нема да има. Деканите на овие два факултети за ТРМР потврдија дека поради тоа што студените не покажале интерес за запишување на овие насоки, немало ниту еден примен, наставата оваа година нема да има.

Над  60 години работа и искуство на Економскиот факултет се вградени во историјата на Македонија и развојот на општеството и на стопанството.  Наставниците ќе се обидат своето знаење и умеење да  го пренесат на студентите , да создадат достоен кадар кој ќе излезе од овие клупи.  За ова генерација е битно што се запишавте по нова програма. Таа подразбира дека изборот на предметите е оставен на Вас. 40 отсто од предметите ги бирате Вие, 30 од листата на предметите на економски факултет додека 10 отсто од отворената листа на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Така студирате што вам ви е потребно, што е во Ваш интерес во развојот. Учите тоа што сакате и така подготвени излегувате на пазарот - рече   Љубомир Дракуловски декан на Економскиот факултет.

Потсети дека за сите овие години факултетот го завршиле 19 илјади завршени студенти,  1,1 илјади  магистранти 200 доктори на науки.  Тој се заблагодари на поранешниот директор на Економското училиште, на сегашната директорка  и на градоначалникот на Велес, кои го решија просторниот проблем за овие дисперзирани студии. До саботата на страницата на Економскиот факултет стоеше дека наставата за ова насока ќе започне  в понеделник и ќе се одвива во Скопје.

И додека е решен просторниот проблем за студените од Економскиот факултет, останува тој за студените на Правниот факултет Јустинијан први од Скопје. Тие настава слушаат во просториите на локалната власт, во големата сала, прес салата, во зависност од тоа што и кога е слободно. А ако се зафатени може да се случи да чекаат. Таму на втора година има само двајца студенти кои ги следат предавањата. Може некој ќе успее да фати услов или ликвидира година, па оваа бројка ќе се зголеми. Да не бидат сами со асистентот.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »