речник контакт

Започна можноста за легализација на дивоградбите

Во првите два часа во Велес се подигнати 50 барања за легалзиација а во општината има 5 до 6 илјади дивоградби

Петар Печков

Граѓаните од вчера, па во следните шест години, може да поднесуваат барања за легализација и да добијат имотни листови за бесправно изградените објекти. Не секој што ќе поднесе документација ќе може да очекува дека и објектот ќе му биде легализиран. Со оваа законска можност, не се опфатени времените објекти.Освен индивидуалните куќи и згради, законската регулатива овозможува да се легализираат сите видови надградби, доградби, базни станици и објекти од јавен интерес.

 

 Во Велес според градоначалникот Горан Петров, има 5 до 6 илјади дивокрадби. Во оваа бројка не се вклучени објектите кои имаат дозвола за градба, но подоцна сопствениците направиле доградба која исто така треба да се легализира. Локалната власт, која ќе ја спроведува оваа акција, е подготвена за обврските што ја чекаат.  Средствата што ќе се приберат од ова, се изворен приход на општинскиот Буџет.

Општината ги презема сите потребни мерки за спроведување на законот. Во наредните 6 месеци, граѓаните ќе можат да ги доставуваат барањата во Граѓанскиот сервис центар како и во истурените канцеларии на општината во Горно Оризари, Бузалково и Иванковци. Неопходнети информаци, документи се на веб страницата на Општина Велес, на Граѓанскиот инфо центар пред НА-МА и на посебно подготен флаер кој ќе се дели на заинтересиранети странки. Ова е историска шанса  за тие што имаат дивоградба да ја легализираат, што се дава еднаш во животот - изјави Петров. Граѓанскиот сервис центар ќе биде доволно екипиран за да одговори на предизвикот на илјадниците барања што се очекуваат

 

Од 100 до 130 евра ќе чинат геодетските елаборати за куќите кои се неопходни при постапката за легализација на дивоградбите, Граѓаните од вчера, па во следните шест години, може да поднесуваат барања за легализација и да добијат имотни листови за бесправно изградените објекти. 

По поднесување на барањето за легализација, општината е должна во рок од шест месеци да издаде урбанистичка согласност. Во следните пет години, пак, локалната самоуправа треба да ја донесе урбанистичко-планската документација во која ќе ги вклопи и бесправно изградените објекти.




АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »