речник контакт

Започна наставата на Правниот Факултет во Велес

Вчера започна наставата на Правниот Факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј со дисперзирана настава во Велес

Петар Печков

Вчера започна наставата на Правниот Факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј со дисперзирана настава во Велес. Иако на прва година се запишани 80-тина студенти, од втората генерација, во просториите на големата сала на Општина Велес, каде ќе се одвиваат предавањата, присустуваа дваесетина студенти. Од бројката на присутни студенти разочаран претставникот на Правниот факултет, додека локалната власт смета дека потребни се подостоинстени услови.

-  Жално е што ве има во вака мал број, но првиот час дозволува да се случи ова. Очекувам дека во иднина ќе ве има во поголем број. Задоцнувањето на почетокот на предавањата во Велес е поради барање неопходни услови за непречена настава. Науката и наставата не трпат импровизации – изјави Тодор Каламатиев продекан за настава на Јустинијан Први. Ова е втора генерација на студенти, ланската прва генерација останува да ја следи наставата во Скопје се додека не се реши прашањето каде тие би студирале во Велес. По двегодишни настојувања на општината да започнат предавањата на Правниот факултет со дисперзирана настава  во Велес, во тоа конечно се успеа.

- Ова каде што сте сега е оптимално што можеме да ви понудиме и се надевам дека ќе ви биде доволно да го одвивате вашето студирање непречено. Додека не се решат подостоинстено условите, ние ќе им бидеме  добри домаќини на студентите – изјави Горан Петров, градоначалник на општина Велес. Кај студентите подвоеност за следењето на наставата во Велес Тие од Скопје се повикуваат на  потпишаниот договор со Факултетот од почетокот на студирањето, дека се согласуваат да останат во Скопје и бараат тој да се применува, додека велешани и бруцошите од останатите градови велат дека се запишале тука бидјеќи им одговарало да студираат во Велес.

- Вистината е дека студентите потпишаа изјава во која стои дека доколку  не се исполнат условите за следење настава во Велес, таа ќе се одвива во Скопје. Но еве сега има можност и предавањата продолжуваат во Велес до натаму – вели професор Каламатиева. Предавањата ќе се одвиваат според предвидениот и донесен план на Правниот факултет, секој понеделник, среда и четврток.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »