речник контакт

Започна новата академска година, местата во Велес пополнети

Останаа празни места само на Економски факултет диспеерзирана настава Велес

Петар Печков

Со поделување на индексите на 40-те студенти на   Технолошко- техничкиот факултет во Велес  во понеделникот започна академската 2014/15 година.  На четирите Факултети кои работат во Велес на три имаше упис а два се пополнети. 

На   Технолошко- техничкиот факултет со седиште во Велес пополнети се сите 40 слободни места предвидени за редовните студенти.   Сите тие се на отсек  нутриционизам.  Предавањата се одржуваат во поранешниот хотел Вила Зора. 

На Факултетот за Информатички и комуникациски технологии  од Битола, со диспензирана настава во Велес сите  70  места пополнети. Таму  првиот час дополнително ќе биде закажан. Предавањата ќе се одржуваат во поранешното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот.

На Економскиот факултет  диспензираните студии по сметководство  и ревизија во Велес запишани се 25 студенти од предвидени 40, со тоа што во тек е третиот уписен рок. Предавањата на овој факултет  се одржуваат во Економското училиште во попладневните часови.

Првите два факултети работат во рамките на Универзитетот Св. Климент од Битола  додека третиот е при Универзитетот Св. Кирил и  Методиј од Скопје.  Сите насоки при Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, со диспензирани студии во Велес се во мирување.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »