речник контакт

Започна новата учебна година

Во училишните клупи седнаа 492 првачиња, за разлика од ланските 419.

Петар Печков

Од денес 492 првачиња, на првиот училиште ден тргнаа на училиште во основните училишта во Велес. Училишниот жагор повторо ги наполни зградите а децата седнаа во клупите. За прв ден малку, но веќе од утре започнува делењето на бесплатните учебници, набавката на училишниот прибор и редовната настава. Градоначалникот на Велес ги посети првачињата во ОУ Благој Кирков и во новото училиште во населба Отовица и им посака добредојде.
 

Слушајте ги родителите и наставниците и учете. Од денес Ваш најголем другар и пријател е книгата а училиштето е Ваш втор дом. Започнувате да чекорите пои еден долг пат, по кој ќе ве водат наставниците и вработените од училиштето. Ние сме тука тоа чекорење кон вистинските вредности да ви го олесниме, да го направиме позабавно и поудобно. Книгата  ќе Ви ги отвори сите врати кон иднината и ќе Ви помогне да ја одберете вистинската професија во животот. За Вас првачињата и Вашите поголеми другарчиња Општина Велес секојдневно се труди да создаде подобри услови за живот, игра и учење. Нека Ви е среќен првиот училиштен ден. Првачиња добре дојдовте во најголемото среќно семејство – училиштето – рече Петров. Ако лани во Велес започнаа да учат 419 првачиња, годинава бројката е поголема 492.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »