речник контакт

Започна санацијата на мостот на реката Вардар кај Ногаевци

Маката на селаните од Ногаевци, кои минат преку разрушен мост, треба да заврши на почетокот од октомври, кога мостот треба да биде готов

Петар Печков

Скопски Гранит  ги започна градежните работи за санација на мостот на реката Вардар, кај селото Ногаевци општина Градско. Работите треба да завршат до  почетокот на октомври.  Мостот е широк 20-тина метри а треба да се премостат десетина метри, кои ги однесе надојдената река. За почеток се  премостува реката, за да можат да се извршат градежните работи.

Со Гранит договорот го склучивме во мај, но водостојот на реката тој месец и следниот јуни беше висок, поради што работите започнаа во средината на јули. Сега се изведуваат подготвителните работи за преградување на реката. На тој начин се отвора можноста механизацијата да влезе во коритото и започне со поправката на мостот. Без оглед што водостојот е сега низок, можни се проблеми оти Вардар може да надојде, но очекуваме дека мостот ќе биде завршен во рокот - изјави Глигур Коцев градоначалник на Градско. 

Најважната работа е изградбата  на фундаментите каде ќе бидат поставени носачите и се дотогаш мостот каков што е сега, ќе можат да го користат  мештаните од село Ногаевци. Завршната фаза на санацијата на мостот, ќе значи дека тие до селото ќе мора да патуваат  по заобиколен пат. За оваа активност Владата одвоила 17 милиони денари  од Буџетот и ,,Гранит,, има 85 работни дена рок за ја заврши.

Дел од мостот, неговиот средишен дел беше срушен од надојдената река на 5-ди декември 2010-тата година.  Жителите на Ногаевци за да стигнат до Градско или Велес мораат да минат преку импровизираната лента на разрушениот мост или пак да вртат по обиколниот пат преку село  Виничани.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »