речник контакт

Започна судењето за запалената амбуланта и продавница во Ореше

Обвиниети сеЃоре Петровски како порачател и Благојче Ѓурчиновски како извршител

Петар Печков

 По 15 месеци безуспешни обиди да започне судењето за запалената амбуланта и продавница во селото Ореше,  вчера во Основниот суд во Велес се одржа првото рочиште. Откако на сите претходни се некој од обвинетите беше или болен или отсутен, судењето започна. 

Со обвинителниот акт се товарат Ѓоре Петровски како порачател и Благојче Ѓурчиновски како извршител, со пожар кој до темел ја изгореле зградата на амбулантата и селската продавница во Ореше.  Ова Петровски го побрал од Ѓурчиновски поради  одмазда, за што преку Вестерн Унион исплатил 800 долари кои биле исплатени на 28 март 2007-та година. 

Огнот бил подметнат ноќта помеѓу 31 јануари и 1-ви февруари 2007-та година. Претходно Ѓурчиновски за таа цел со такси возило рено 21 управувано од Мухамед Мекиќ  дошол во Ореше а попатно од бензинска пумпа во Велес купил 5 литри бензин. Со истиот  ноќта го полеал кровот и го запалил. Од пожарот изгорела селската продавница и амбулантата  користена  од  ЈЗУ Здравствен дома Велес а сопственост на  ЈП  за стопанисување со станбен  и деловен простор. Огнот предизвикал штета од 2,4 милиони денари. Двајцата обвинети и сведокот таксист, негираат дека такво нешто учествувале.

Се е ова намештаљка. Не е точно дека  сум дал пари  на  Баже да  ја запали зградат, ниту дека со него сум  се слушал. Ниту бев скаран со Тодета, сопственикот на продавницата – изјави во своја одбрана Ѓоре Петровски, кој во моментот кога  се случил настанот живееше во САД.  И обвинетиот  Ѓурчиновски негираше дека тој ја запалил продавницата.

Во тој период бев на работа в о Грција, така што не  можев да ја запалам продавницата. Ниту Ѓоре ми се јавил,  ниту имам добиено пари од него -  рече Ѓурчиновски. 

Не  можеше да потврди преку патната исправа дека во тој период ја минел  границата оти тоа го правел преку илегални премини, користејќи таков начин да стигне таму и чува крави. На прашањето дали досега е осудуван Ѓурчинвоски рече не,   иако тој за разбојништво над селскиот поштар, во случај од пред неколку години доби три години затвор. На  ова  потсети отштетната   Трајанка  Кузмановска сопруга на сопственикот  на продавницата Тоде, кој  набргу по ова  починал.

Се што имавме  ни  изгоре во пожарот. Ѓоре го направи ова  оти  при погребот на   татко му  некој му кажал дека  мојот сопруг  рекол,, не го закопујте фрлете го в река,, што не е точно. Како да му верувате на  Благојчета дека не добил пари, се што кажува  сега в лице лаже. Не  бил осуден а за тоа што му ги украде парите на поштарот лежеше три години в затвор  –рече Трајанка Кузмановска, како сведок.

Таксистот пак Мухамед Мекиќ кој според обвинението го носел Ѓурчиновски до ореше негира, дека таков нешто се случило.

  Никогаш никого не сум носел до  Ореше и поблизу, Уште помалку ќе дозволам некој во мојот автомобил да внесува запалива течност, бензин. Не го познавам ниту еден  од обвинетите  - рече Мекиќ. Судењето продолжува со сослушување на останатите сведоци. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »