речник контакт

Започна судењето за убиството во дворот на Гимназија

Обвинетиот Димовски негира дека го убил Јован Цилаков

Петар Печков

Во Основниот суд во Велес започна судскиот процес за убиството на старецот Јован Цилаков, кое се случи минатото лето во дворот на Гимназијата.  Обвинет е Зоранчо Димовски (48 год)  кој на денешниот главен претрес  негираше дека е сторител.

Не сум виновен, не го сторив делото - кратко изјави Димовски, на прашањето дали го разбира обвинението.Ова се негови први зборови за убиството, оти во истрагата Димовски се бранел со молчење.  

Според обвинението убиството се случило на 17 јули околу 17 часот, кога  Димовски со неколку удари на камен по глава, на лице место го усмртил 90 годишниот Јован Цилаков, кој во тој момент бил со грб завртен кон него. Од предниот џеб извадил 200 денари и побегнал.  Пред судот сведочеше неговиот син Тоше Цилаков, кој  последен бил со убиениот тој ден. 

Татко ми доаѓаше во Велес 2-3 пати месечно на доктор. Така и вечерта претходно побара да го  превезам до Велес. Заминавме утрото,му дадоа некои лекови и околу 11 часот се разделивме. Го оставив кај пензионерскиот дом.  Кога се случи настанот, бев да го идентификувам. Го препознав според алиштата, не ми дадоа поблизу. Татко ми имаше своја пензија и секогаш носеше паричник со себе, со 2-3 илјади денари. Парите беа за лекови, имаше притисок и ако нешто треба да се купи. Од работите кои ни ги вратија назад, но и тоа што го видов во полиција, паричник со пари, со личната карта, сликата на мајка ми и чешел не добивме назад како семејство - изјави  Цилаков, еден од тројцата негови синови.

Судењето продолжува во април со сослушување на вештите лица и докторите кои ја извршија обдукцијата. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »