речник контакт

Започна судењето за убиството кај Бенизинска на влезот од Велес

Обвинетиот Адис Куртагиќ негира дека гоубил другар му Бајро Ибрахимовиќ

Петар Печков

Започна судењето на обвинетиот Адис Куртагиќ (32 год) кому му се суди за убиство на Бајро Ибрахимовиќ (33 год). Тие двајцата биле први  и неразделни другари, а обвинителството ќе треба да докаже дека Адис го сторил делото. Тој на почетокот на главната расправа, негираше дека е сторителот.

Не го сторив делото, не сум виновен-кратко изјави пред судксиот совет Адис.

При поднесувањето на кривичната пријава, полицијата како помагател ја осомничи сопругата на Адис, но по спроведната истрага, против неа нема обвинение. Според обвинението убиството се случило на 24 март минатата година, во напуштена куќа во близина на  Бензинската пумпа на влезот во Велес, во терминот од 21 до 22,15ч.  

Куртагиќ сурово и безмилосно го застрелал Бајро со еден куршум во тилот, од пиштол   со калибар 7,65 мм. при што рацете му биел врзани со жица позади грб. Во џебовите на Ибрахимовиќ биле пронајдени бели медицински ракавици и спреј за онеспособување.

 Телото на починатиот беше пронајдено две седмици подоцна, на 11 април, од деца кои собирала полжави во тој предел, откако 25 дена се трагало по него и се водел како исчезнат. Полицијата до сторителот дошла преку листинзите на разговорите од мобилните апарати  на обвинетиот и убиениот.

Двајцата имале месечно по 300  повици, или дневно од 7 до 12. Критичниот ден двајцата со такси од Горно Оризари околу 19 часот заминале кон Велес. Кај починатиот е  најден еден од двата мобилни   телефони кој тој ги користел, вториот не е пронајден. Но  затоа два месеци подоцна  тој апарат  се појавува  во употреба, и се приклучува картичка од мајката на обвинетиот а го користи  и неговата сопруга. Последните разговори кои се водени помеѓу Бајро и Адис  се од иста базна станица, која гравитира кон местото каде е пронајдено телото. По настанот обвинетиот со три повици разговара со сопругата во Горно Оризари, од три различни локации  а тие се на базни станици  кои се на патот за неговото село   - изјави инспекторот Петрулев, како сведок во  главната расправа.

Бранителот на обвинетиот, адвокат Борче Стојанов пак побара докази, врз  основа  на кои ќе се суди.

Немаме ниту материјални ниту било какви други докази. Се е на основа на листинзи, од разговори на мобилните оператори, кои на одбраната не и беа достапни. Кој може да докаже кој во критичната вечер ги користел мобилните, дали обвинетиот, убиениот или некој трет - рече Стојанов.

Судењето продоолжува на почетокот од септември.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »