речник контакт

Започна уредувањето на крајбрежјето на езерото Младост

Предвидено е поставување на 88 клупи, 29 маси, 31 корпа за отпадоци и 41настрешница и поплочување на 1,7 илјади м2 површина

Петар Печков

Започна уредувањето на крајбрежјето на езерото Младост. Ова доаѓа по ланските реакции на посетителите дека нема уредени плажи, отпадоци за смет, урбана опрема за одмор. Затоа локалната власт на Велес започна со  голема акција, со која до крајот на мај треба овој простор да добие нов лик.  Работите се одвиваат по должина на двете претходно уредени пешачки патеки.

Се уредуваат 1,7 илјади м2 површина  која ќе биде   поплочена. Реализацијата на проектот ќе придонесе за развој на транзитниот туризам на езерото Младост, како атрактивна дестинација за туристите и посетителите од земјава и странство. Фактот што по автопатот Е-75  годишно минуваат околу 4 милиони туристи налага активности за развојот на туризмот во  негова  непосредна близина - изјави градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

Активностите се дел од проектот финансиран преку Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој во висина од  5.5 милиони денари. Во рамките на проектот предвидено е поставување на 88 клупи, 29 маси, 31 корпа за отпадоци и 41 настрешница.

Езерото Младост вештачка акумулација во близина на Велес, со својата атрактивна локација секоја година привлекува  голем број туристи и посетители од Велес, Скопје но и транзитни туристи на пропатување од и кон Грција.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »