речник контакт

Започнаa подготовките за јубилејните 50-ти Рацинови средби

Поетски митинг на местото каде е убиен, обнова на спомен обележѓјата на Лопушник, изложба на сите добитници на Рациновото признание

Петар Печков

Велес се подготвува  достојно да  го одбележи големиот јубилеј 50 години од Рациновите средби. Иако има четири месеци до нивното одржување,средината на јуни, подготовките се започнати а планирани се повеќе содржини со кои ќе му се оддаде почит на поетот и револуционер Коста Солев Рацин и неговото дело. Така поетската манифестација која е една година помлада од светски познатата Струшките вечери на поезијата, ќе треба да  блесне и да биде за паметење. Познати се дел од придружните  содржини.

Годинава планираме да се уредат двете спомен обележја на  Рацин кои се на Лопушник, едното на местото каде е застрелан и второто на блиската височина од каде се пружа  прекрасен преглед на Копачијата. Ќе се изгради и мал амфитеатар на кој поетите гости ќе дојдат и ќе ја рецитираат својата поезија. Сакаме таму да се одржи традиционалниот поетски митинг. Ова го работиме заедно со општина Другово, за што ни се доделени средства од Министерството за култура.  Што се однесува до Рациновите средби во Велес ќе ги поканиме сите живи добитници, за сите изминати години на Рациновото признание да бидат наши гости и учествуваат на манифестацијата  – вели Катица Чадиева од Општина Велес. 

За таа цел веќе се започнало со пребарување на богатата  и обемна документација од годините наназад, за да се најдат имињата на добитниците. Констатирано  е дека прв пат оваа награда  започнала да се доделува од  8-то издание на Рациновите средби. Формиран е и новиот организационен одбор на 50-тите Рацинови средби каде се  авторите Раде Силјан претседател на Друштвото на писателите, Панде Манојлов секретар на Друштвото на писателите и Веле Смилевски научен советник во Институтот  за македонска литература.  Тие ќе треба да ги предложат содржините на јубилејната манифестација. Во придружните содржини приклучен е и Локалниот Народен Музеј од Велес.  Негова обврска е  уредувањето на  куќата на Рацин.

Добивме средства од надлежното министерство со кои ќе се уреди куќата на Рацин и ќе издаде брошура со сегашната поставка, која е актуелна пет години. Ќе извршиме и некои мали  промени во поставката. Започнавме со собирање на имињата на авторите добитници на наградата и ќе организираме изложба на нивни фотографии, како и нивните дела со кои ја добиле наградата – вели Марин Клифов од ЛУ Народен музеј.

Можно е изложбата да биде збогатена и со фотографии од  Рациновите средби годините  наназад.  Планирано е тие да се одржат во периодот помеѓу 12-ти и 15 ти јуни,  на денот на неговото погибје 13-ти јуни. Манифестацијата започнала д се организира под покровителство на локалната власт на општина Велес а таа до пред десетина години се одржуваше во зимскиот е период, на денот кога е роден Рацин. Потоа се префрли во лето, на денот на смртта заради  поголема можност на одржување на отворено а со тоа и повеќе содржини.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »