речник контакт

Започнува седмата акција на ЈКП Дервен за собирање на габаритен отпад

Трае еден месец од 16-ти април до 15 мај. Собирањето е бесплатно

Петар Печков

Од 16-ти  април до 15-ти мај  годинава ЈКП Дервен започна со пролетната акција на собирање на габаритен отпад. Граѓаните имаат можност  да се ослободат од габаритниот отпад, бесплатно со повик на телефонот 043/233-768.   

Во габаритен отпад од ЈКП Дервен потсетуваат дека  спаѓа: делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија, пластични сандаци, гајби, алатки, стари велосипеди, пружини, радијатори, градинарски елементи, детски играчки и санитарни елементи.. Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна.

Пријавувањето е  на тел: (043)233-768, секој работен ден од понеделник до петок од  7до 14 часот. Годинава е седма како се спроведува оваа акција. Изминатите просечно се  собирале по  50 м3 во текот на еден месец. 

Од ЈКП Дервен потенцираат габаритниот отпад не го оставајте на јавни површини или до контејнери, туку прво обратете се до ЈКП Дервен  за договор за собирање

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »