речник контакт

Започнува уредувањето на Автобуска

За почеток се бара отстранување на времените објекти. Рок за селење е 15 дена, по што ќе почнат градежните работи

Петар Печков

Во рок од 15 дена, сите правни и физички лица, сопственици на времени објекти поставени на Автобуската станица во Велес,д а ги отстранат истите. Ова го пишува во повикот, кој денес беше објавен во весникот ,,Вест,, од страна на сопственикот на автобуската  Друштвото ,,ГО-МА бус,, од Скопје. 

 Започнува  проектот со кој ќе се гради нова инфраструктура  на Автобуската во Велес.  Затоа е потребно да се отстранат сите времени објекти, па да започна градежните активности - објаснуваат од   фирмата сопственик на велешката  Автобуска станица.  

Прометната на ДУП за измена на овој простор локалната власт го промени во 2014-та, кога беше најавено дека велешката автобуска ќе добие нов лик и содржини.  Таа со новото решение ќе се модернизира, да добие простор за паркирање, поголема чекалница,  квалитетно сообраќајно решение.

Сопствениците на Автобуската  уште во декември 2012-та, токму преку овој портал јавно побраа отстранување на времените  објекти,за да  можат да ја модернизираат Автобуската станица во Велес.    

Сите објекти што се околу Автобуската се времени, диви. Ние го имаме легализирано  и приватизирано земјиштето на која таа се наоѓа.  Проблем со ваквата состојба   имаме и ние,   оти   реакциите од патниците се упатени на наша сметка. Но не можеме ништо да сториме, за да можеме да изградиме современ пристап до автобусите и перони оти просторот околу е узурпиран. Низ неа минуваат меѓународни автобуси за Грција, Бугарија, Србија, Турција и сите тие патници се сведоци на ваквата  слика – објаснија тогаш  од Автобуската станица во Велес.

Според категоризацијата што ја врши Министеството за транспорт и врски   за услугите на патниците на автобуските станици, велешката автобуска станица е од прва категорија и таа е меѓу седумте најдобрите во Македонија.   

 Доколку во дадениот рок не се  отстранат времените објекти, тоа ќе го сторат  ГО-МА бус  а  сметката за извршената работа ќе биде испорачана до сопствениците    на киосците и кафеаните. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »