Петар Печков
Објавено: вторник, 19 мај 2026
Акцијата до 12 мај за пошумување на околината на езеро Младост, продолжи со дополнителни илјада садници. Откако претходно беа засадени две илјади, јасен и јавор, останеле уште илјада садници. Европската куќа од Велес заедно со „Убај деца“ и „Зелени борци“, засадија уште илјада.
„Ваквите акции нè потсетуваат дека секој мал чекор кон поздрава и позелена иднина е чекор кон подобра иднина за сите нас. Заедно растеме, заедно садиме, заедно градиме одржлива иднина“ – порачаа од Европската куќа Велес.
Пошумувањето се реализраше на просторот од Ајдучка чешма, кај поранешните трла, на стариот пат Велес – Скопје.
фото ФБ Европска куќа Велес
| Tweet |






