речник контакт

Засадени нови 95 повеќе годишни садници дрва

Поголем дел одсадниците се во Градски парк, дел околу фудбалското игралиште во Превалец

Петар Печков

На две локации во градот, вработените од Р.Е. Паркови и зеленило при ЈКП Дервен засадија 95 садници на повеќе годишни дрва.

Истите се засадени според Програмата за заштита на животната средина за 2020 година на Општина Велес и со средства од локалниот  буџет на Општина Велес.

Од ЈКП Дервен информираа дека во Градски парк  се засадени 48 садници од јасен и јавор и 35 зимзелени садници, додека  12 садници од јасен кај фудбалското игралиште во населба  Превалец.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »