речник контакт

Затворски казни за малолетниците од ,,Сивот дом,, кај Порцеланка

Две години затвор за дете, за малолетникот кој се обиде да го убие домскиот доктор,три години затвор за силување

Петар Печков

Две години затвор за деца,  доби  малолетникот кој се обиде да го убие домскиот доктор во казнено поправниот дом во Велес. Ова е пресудата изречена во Основниот суд во Велес за кривичното дело убиство во обид.  

Претходно Јавното обвинителство информираше дека на 25 јануари годинава,  малолетникот побарал да биде однесен на лекарски преглед кај домскиот лекар заради главоболка. Во лекарската соба тој најпрвин со дрзок и висок тон се обратил кон лекарот, потоа ја турнал масата меѓу нив и се обидел да го удри, во што го спречиле двајца надзорници.

Подоцна, од трпезаријата 16-годишникот зел два ножа и повторно влегол во лекарската соба со вербални закани кон лекарот дека ќе го убие, а притоа повторно го спречиле присутните надзорници.  

Детето на кое му е изречена мерката затвор, во текот на издржувањето на претходна воспитна мерка, се јавува како сторител на повеќе кривични дела, меѓу кои и кривичното дело силување спрема друго дете – штитеник на домот, за што заедно со другите  малолетници  учесници во кривичното дело, се води постапка која е во тек.  

Во Основниот суд во Велес заврши судскиот процес за малолетник кој во август силувал малолетник штитеник, исто така во Воспитно поправниот дом Велес, кој е дел од Тетовскиот.  Малолетникот доби три години затвор за дете а  висината на казната е поради тоа што претходно тој е осуден и  лежел затвор за исто кривично дело, силување.

Пред два  месеци во Основниот суд во Велес на   надзорникот  во оваа институција, Живко Андоновски  му беше изречена  условна казна затвор, откако го призна делото ,,несовесно вршење на работата, кога го прикри на силувањето на малолетник од затворот , па судот му одреди  казна затвор од една година, ако во следните три не стори  било кое кривично дело.  

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »