речник контакт

Затвор за иванковчани оти нападнале шумска полиција

Толпа од двесетина селани од Иванковци нападнале десетина шумски полицајци, со закани по живот,по што тие се повлекле

Петар Печков

Четири години затвор  во Основниот суд во Велес добија шестмина жители на велешкото село Иванковци за напад врз шумската полиција. Секој од шестмината селани доби поединечно по  осум месеци затвор, бидејќи спречиле службени лица во вршење на службено дејствие.

Обвинетите на 27 јануари лани ја  предводеле толпата селани, кои ја нападнале патролата на шумската полиција, која броела дваесетина лица и не дозволувале  таа да го напуштат селото. Патролата влегла во  дворното место  на М.М. за одземање на  поголемо количество на бесправно сечени и складирани дрва во куќата, за кои немало одобрение, дозвола за сеча.

По ова набргу дошла толпата предводена  од  шестмината обвинети, сите со стапови и мотки. Тие започнале да го нишаат џипот сакајќи да го превртат, се заканувале  на шумските полицајци  дека нема живи да излезат од селото,   се со цел да не ги товарат дрвата и не им дозволувале да си заминат од селото, ако не ги остават дрвјата.

Шестмината предводници на толпата од селото Иванковци се прогласени за виновни и осудени на затвор.

АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »