речник контакт

Затвор за тројца крадци на бакарен кабел од Велес

Судијата Илија Танев во три одводени судски процеси изрече мерка затвор во времетраење од четири ипол години на тројца крадци за железнички кабел.

Петар Печков

Судијата Илија Танев во три одводени судски процеси изрече мерка затвор во времетраење од четири ипол години на тројца крадци за железнички кабел.

Во Основниот суд во Велес заврши процесот на три лица кои беа фатени додека го крадат бакарниот кабел на ЈП Македонски железници кои служи за поврзување и сигнализација на патните премини.

Откако беа прогласени за виновни за кривичното дел кражба и оштетување на јавни инсталации, најмногу казна затвор три години, доби Игор Спасовски (32 год) од Велес, додека неговиот соучесник Зоран Шупов (31год) доби осум месеци затвор. Тие се осудени дека во неколку наврати украле повеќе стотини метри бакарен кабел на железничката пруга Велес - Гевгелија, кој потоа го продавале на откупните центри во градот.

Тоа го правеле најчесто ноќе сечејќи со секира од кабелот а се правдаат дека парите им требале да набават метадон, бидејќи се лекуваат од зависност.

Осум месеци затвор доби и Емран шакиров (20год) кој на 20-ти и 26 ти ноември минатата година, во два наврати оштетил и украл 150 метри бакарен кабел од железничката пруга Велес- Гевгелија. Истиот го продал во откупен центар за сто евра.

Шакиров го признал делото и во текот на процесот изјавил дека тоа го сторил бидејќи немал пари да се прехрани. По изрекувањето на пресудата Шакиров јавно прокоментира дека нема да се жали и во Идризово барем нема да мисли како да се прехрани и ќе има подолго време обезбедени три оброци на ден.

Сите тројца одговараа за кривичните дела кражба и оштетување на јавни инсталации, и дека ја довеле во прашање безбедноста на граѓаните бидејќи со крадењето на кабелот, сигнализацијатга на железничките патни премини во градот не функционирала.

Спасовски за сторител на повеќе други тешки кражби доби највисока казна.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »