речник контакт

Затвор за разбојници над емигранти

За четворица жители на населбата Градско добија по 5 години и 8 месеци затвор затоа што нападнаа бегалци од Сирија со земјоделски алатки

Петар Печков

За четворица жители на населбата Градско им е изречена казна затвор од  22,5  години. Тие нападнале четворица бегалци Сиријци со земјоделски алатки при што им одзеле 325 евра, 700 денари и три мобилни телефони.  Браќата  Бурим Емини (33 год), Фадија Емини ( 28 год)  , како и  Иса Ука ( 44 год), Бејлур Мемиши (34 год)  беа прогласени за виновни, откако ги признаа делата ,,противправно лишување од слобода“ и „разбојништво“ по што им беа  изречени казни затвор од по 5 години и осум месеци.

Според обвинението  настанот се случил на 17 септември годинава, нешто полноќ на железничката станица во населбата.  

Четворица жители на Градско ги пресретнале емигрантите  и заканувајќи им се со земјоделски алати  кои им биле при рака, срп, коса и вила, насилно ги внеле во куќата на  Бурим Емини  каде ги држале околу еден час. Под закана  од земјоделските алатки  им одзеле пари и мобилни, по што ги избркале.  Обвинетите изразија жалење за стореното, до правосилноста на пресудата остануваат во притвор .

 Обвинетите за кривичното дело разбојништво добија по 5 и пол години затвор, додека за противправно лишување  од слобода пет месеци или во една единствена  пет години и осум месеци. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »