речник контакт

Затвор за возачот на автобусот кој удри во воз кај Сарамзалино

Васил Ш. Од Струмица доби 21 месец затвор

Петар Печков

Возачот на автобусот на „Струмица експрес“, Васил Ш. кој на 13 мај ја предизвика несреќата со патничкиот воз на пругата кај Овче Поле, доби казна затвор од една година и девет месеци и забрана за управување со возила од Д категорија во рок од една година. Портпаролот на Основниот суд- Штип, Стојан Михов, информира дека согласно измените на кривичниот законик за возачот има и олеснителни околности, бидејќи ја признал вината. 

Тој целосно ја признал вината дека критичниот ден се движел по магистралниот пат од Штип кон Велес и дека на критичното место сметајќи дека ќе може да ја помине железничката пруга без да има последици и покрај тоа што наидувал возот отпочнал да ја минува. Со самото тоа тој се согласил со настапување на штетните последици, вели Михов. Тој додава дека за вакви случаи судот може да изрече казна затвор од една до 10 години.

На 13 мај во утрински часови, 7,10 ч. се случи железничка несреќа меѓу воз и автобус, а во која имаше повредени 32 патници, најмногу студенти  кои тој ден патувале кон Велес или Скопје. Екипите на брзата помош од Штип, Свети Николе и Велес тој ден покажаа голема организираност во санирањето и транспортот на пациентите до болниците.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »