речник контакт

За Металург да игра во Велес потребна е помош од локалната власт

Дали браќата Манаскови Дејан и Мартин ќе играат во Велес, натпревари од Средно европската лига?

Петар Печков

Новите и ригорозни стандарди што ги наметна новото раководство на  СЕХА лигата, не му дозволуваат на Металург да биде домаќин во салата „Автокоманда“ во Скопје, бидејќи истата нема капацитет од најмалку 2.000 гледачи.

Од тие причини раководството на Металург, како најадекватно решение во поглед на оддалеченост и функционалност, ја одбра салата во Велес како свој домашен терен за натпреварите од Регионалната лига.

Официјален договор меѓу двете страни сѐ уште не е потпишан. Но на првиот разговор, раководството на салата во Велес искажа воодушевување од желбата на Металург своите натпревари да ги игра во нивниот град и сала. Останува да се разгледаат барањата и критериумите што стојат во договорот за учество во Регионалната лига, што треба да се исполнат и да се почне со подготовка на салата за претстојните натпревари –  рекоа од управата на Металург.

Под услов локалните власти да препознаат интерес и да се вклучат во целиот проект. Од нив и не се бара којзнае колку, но ќе треба да помогнат во шминкањето на салата и обезбедувањето услови во нивниот град.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »