речник контакт

За Петрески Рациновото, за гркот Валетас Почесното

Тие ќе им бидат врачени за седум дена на 49-тите Рацинови средби, кои ќе се одржат на 14-ти и 15 јуни

Петар Печков

 Христо Петрески  е добитникот на Рациновото признание, додека гркот Костас Валетас е добитникот на Почесното Рациново признание. Тие ќе им бидат врачени за седум дена на 49-тите Рацинови средби. Петрески наградата ја  доби  за неговото дело ,,Лифтот (не ) е за двајца,, издание на издавачката куќа Феникс. Меѓу дванаесетте дела кои што се најдоа во конкуренција за наградата, жирито во состав Тодор Чаловски, Милован Стефановски и Мишел Павловски се реши за книгата на Петрески.

Делото  ,,Лифтот ( не) е за двајца,, е во духот на пост модерната прозна традиција, со многу усет за автентично сугестивно раскажување. Тоа испишува значајна страница на патувањето од себе кон светот и од светот кон себе – рече претседателот на жирито Тодор Чаловски. Во потесна конкуренција за наградата биле и делата  Огнени птици на Илхами Емин, Мајка Тереза на Младен Србиновски и Возовите за Луцерн од Лилјана Пандева. Добитникот Петрески не го криеше задоволството што ја доби оваа награда, за која призна дека сонувал.

Ова награда ја очекував, замислував, посакував и сонував. Разбирливо е што сега толку сум возбуден. Рацин за нас е исто што и Крлежа, Андриќ, тој е авангарда и е на нивно рамниште, огромен автор џин, горостас бидејќи неговото име е многу големо и обврзува – рече Петрески.  Книгата ,, Лифтот ( не) е за двајца,, е негово единаесетто прозно дело, прв роман  за возрасни. На годинашниве Рацинови средби, Почесното Рациново признание за афирмација на македонската литература во светот го добива грчкиот автор  Костас Валетас, познат писател, издавал и промотор на македонската литература и култура во Република Грција. Тој досега има издадено преводи на дваесетмина македонски автори на грчки јазик последните 20 години. 49-те Рацинов средби ќе се одржат на 14-ти и 15 јуни во Велес.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »