речник контакт

За Св. Јован крстител, во посета на истоимената црква

Велешани за овој ден доаѓаат во црквата која е во дворот на Крзнарата, земаат камче од карпите за здравје и к`сет

Петар Печков

На верскиот празник Св. Јован велешани одат и палат свеќи за здравје во црквата Св. Јован, кај народот позната како Маркова Меана. Црквата се наоѓа стотина метри јужно од вливот на реката Тополка во Вардар и исто толку метри северно од манастирот Св. Димитрија.
 
Има интересно предание, дека блиската карпа, на која е изградена црквата, има лековитост. Затоа посетителите земаат дел од камчињата и ги носат со себе, за здравје, за к`смет. А оставаат железни монети по карпата.

За да стигнете до црквата Св. Јован мора да минете низ кругот на Крзнарата Димко Митрев. Изградена е на карпа што и дава посебна убавина и значење иако однадвор е тешко препознатливо дека тој е објект е црква. За жал и внатрешноста е без многу верски обележја, фреските се излупени и оштетени иконостасот е како така сочуван. Има икони кои се закачени по ѕидовите на црквата.

Поради влажноста на објектот, домаќинките и постарите објаснуваат дека под неа има  пештера, која Вадар ја полни со вода, и влагата ги уништила  сите фрески. Поради тоа и црквата е често влажна.

Црквата Св.Јован велешани иако малку ја знаат, бидејќи е скриена во кругот на фабриката, а ја посетуваат токму на овој ден Св. Јован  крстител 20-ти јануари но и на 11-ти септември Отсекување на главата на Св. Јован крстител.

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »