речник контакт

За велосипедска трка во 1962-та, награда надворешна гума

Шојлев победил меѓу стотината учесници

Петар Печков

Следејќи  ја денешната  велосипедска трка по повод Ослободувањето  на Велес, меѓу малкумина присутни гледачи,  беше и велешанецот  Миле Шојлев.

Седумдесет годишниот велешанец за ТРМР  се потсети на истиот овој настан, ама пред 43 години.  Тогаш и тој бил учесник и победил, за награда добил надворешна гума за велосипед. 

Имав точак марка херкулес, тоа е постар модел и се  пријавив за трката. Беше навечер, тргнавме од центар, од пред НА-МА.  Бевме средношколци, околу стотина. Возевме до Касарна во Нова Населба и назад. Јас победив и добив скромна награда, а која ми остана во убаво сеќавање, надворешна гума за велосипедот - се присетува Шојлев.

Тој учел во средно во Велес а живеел во село Бањица и секој понеделник и сабота со велосипедот патувал од селото до интернатот и потоа назад. Му требале половина час возење, но кога земјениот пат бил сув. Кога врнело не можел да се врати дома, тогаш тешко се стигнувало поради калта.   Се присетува дека тогаш без малку ученици, сите млади  возеле велосипеди.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »