речник контакт

За и околу печатењето на Бели мугри

Еве неколку можеби малку познати моменти околу издавањето на Бели мугри. Кочо Рацин.

Петар Печков

Еве неколку можеби малку познати моменти околу издавањето на Бели мугри. Кочо Рацин.

Тој во Самобор престојувал десетина ден пред да биде издадена книгата, кога со уште еден човек ја посетил печатницата на Јосипш Шпулер и побарал да издаде книга. Бил елегантно облечен, оддавал впечаток на човек кој знае што сака, па сопственикот на печатницата не му побарaл ни динар аванс за да го започне печатењето. Во рокот во кој било договорено книгата била отпечатена а Рацин се појавил во неа точно на 25 ноември 1939 година на пладне. Ги предал парите во готово и го земал тиражот од 4 илјади примероци а со себе 4 примероци и заедно со пријателот заминал на Железничката станица.  Дежурниот во печатницата со документот за цензура заминал со 12 примероци од книгата  до канцеларијата на начелник на Срезот, каде бил примен во 12,50 но бргу, бргу во 13 часот заминал од работа. Во вторникот на 28 ноември узбуна во Самобор, силни полициски сили во рано утро влегуват во печатницата и со писмен документ од Министерството од внатрешни работи  за цензура го бараат целиот тираж на книгата, која веќе била распределена во Македонија но и во Загреб и Белград.

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »