речник контакт

За младите војската се попривлечна и посакувана

Бројките пак покажуваат освен што се менува структурата на доброволците, во однос на образованието, се зголемува и интересот за служење војска, Во велешката касарна заклетва дадоа рекордни 254 војници

Петар Печков

 Шеснаесетата генерација војници со рекордни 254 војника денес во Велес ја даде свечената заклетва. Во гарнизонот на АРМ Алексо Демниевски Бауман, пред нивните најблиски и роднини, доброволците се заколнаа  дека во наредните три месеци ќе бидат војници на АРМ. Оваа класа на доброволци е најбројна во досегашното служење на војска а има и најмногу девојки 17.  Изменета е и структурата на војниците, поголем дел до нив се при крај со факултетското образование и се решиле дел од нивниот живот да и посветат на татковината.

 Со мојот другар се решивме летово  доброволно да служиме војска. Убаво е да го пробаме и овој живот, за кој дел до младите го избегнуваат. Очекувам дека ќе минам моменти кои ќе останат во вечно сеќавање- вели Георги Раденовски од Македонски брод, кој е апсолвент на правниот факултет во Кичево. 

Голема е и бројката на девојки кои доброволно се јавија во оваа генерација војници.  Младата Елизабета е апсолвент на психологија и доаѓа од Пробиштип. Таа заедно со нејзините колешки вели дека имаат еднаков третман, како и машките колеги и не добиваат никакви попусти.

Имав желба и сакав да пробам да бидам војник. Ова ми се оствари и ќе ми биде уште едно школо во животот.  И работиме и учиме и морам да признам дека е интересно а времето е исполнето. Во иднина се гледам во редовите на АРМ – вели Елизабета Јосева. 

Таа заедно со останатите војници ќе бидат дел до армијата која служела војска во годината кога АРМ го одбележува јубилејот 20 години постоење. Бројките пак покажуваат освен што се менува структурата на доброволците, во однос на образованието, се зголемува и интересот за служење војска. Тие освен во касарната  дел од својата обука ќе ја изведат и на полигонот Криволак.

 Многу ни е битен моментот што се повеќе млади се јавуваат доброволно да го служат воениот рок. Тоа е нивен избор а армијата е се попривлечна за младите луѓе, кои тука наоѓаат сигурна егзистенција и тие и веруваат на оваа институција. Предизвик е можноста да бидат  прифатени како професионални војници и тука наоѓаат парче леб – изјави  Љупчо Костовски командант на командата за обука во велешката касарна.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »