речник контакт

За популаризација на работата на здружението „Македонски спасител“ бесплатно спуштање по „зип лајн“ за децата од Велес (фото видео)

Се одбележува 14 години од постоењето на Здружението за безбедност на планина и вода

Петар Печков

За 14 годишнината од работата на Здружението за безбедност на планина и вода „Македонски спасител“ од Велес, тие организираа настан посветен за запознавање со дејноста на граѓанската организација. Во Младински парк, имаше спуштање по зип лајн, наменето за најмладите од градот.

„Дадовме можност на младите велешани, да можат да ужуваат бесплатно во популарниот зип лајн. Заинтересираноста е повеќе од нашите очекувања, има многу дечиња кои сакаат да го искусат тој адреналин. Можеа да се спуштаат по него деца од 4 до 12 години возраст“ – кажа Ангел Пановски, престседатал на „Македонски спасител“.

Освен спуштењето по популарниот зип лајн, присутните во Младинскиот парк имаа можност да видат дел од опремата со која располагаат членовите на ова граѓанско здружените. Тие помагаат во случаи на  повредени или загубени лица во планина или на вода.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »