речник контакт

За ридот Иланџа, во близина на Велес

Предлог за прошетка на оваа локација, која е на 10 км од Велес. Нуди видик кон Јакупица на запад, Кожуф на југ, Овче Поле на север, Осоговски Планини на североисток, па дури до планината Пирин на исток.

Петар Печков

Ридот Иланџа, десетина километри источно од Велес. До ридот се стигнува преку селото Ќоселари (десно од патот Велес- Штип) кое е на 240 м надморска височина, а од тука пеш со искачување од околу 5 км до самиот врв на ридот Иланџа на 664 м. Инаку ридот Иланџа се извишува околу 400-450 м над околниот простор.

Иако нема голема височина, од врвот се протега извонредно добар панорамски видик кон Јакупица на запад, Кожуф на југ, Овче Поле на север, Осоговски Планини на североисток, па дури до планината Пирин на исток. За него е карактеристично што е изграден од многу млади вулкански карпи чија старост е проценета на само околу 2-4 милиони години.

Бидејќи целиот околен простор е речиси потполно оголен, овде се изразени силни појави на ерозија со многубројни долови, ендеци, свлечишта и слично. Долж  јужното подножје на ридот се всекла реката Брегалница со повеќе изразити меандри, а од другата страна на реката се протега областа Криволак која наликува на полу пустински пејзаж.

Автор на текстот е проф. д-р Ивица Милевски од Институтот за географија при ПМФ Универзитет св. Кирил и Методиј Скопје

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »