речник контакт

За седум месеци во Велес реализиран 90 отсто од планот за крводарување

Во Велешката болница нема недостиг на крвни единици

Петар Печков

Во Станицата за трансфузиологија во Велес од почетокот на годинава до крајот на јули  се собрани 1.782 крвни единици. Со ова над 90 проценти веќе е реализиран и годишниот план за крводарување.

Од Станицата за трансфузилогија информираа дека ова е резултат на крводарителите кои доброволно секој ден по десетина, па и по 15 се јавуваат во станицата да даруваат крв, како и на бројните организирани акции за доброволно дарување на крв.

Во Велешката болница нема недостиг на крвни единици, а редовно секоја недела по дваесетина крвни единици од сите крвни групи се испраќаат во Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, а оттаму се диструбуираат во скопските клиники и болниците во земјава.

Инаку и минатата 2014 година велешките крводарители повеќе од двојно го натфрлија годишниот план со собрани 4.219 крвни единици.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »