речник контакт

За сообраќајката на општинската кола

Градоначалникот одговори на двомесечните зборувања

Петар Печков

Одговарајќи на дилемата на јавноста, за сообраќајката во која учествувала службен автомобил летово, градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев ги даде одговорите. Во недостиг на информации имаше многу шпекулации а Чадиев објаснува  дека за да се биде аргументирано, чекал да се добијат сите документи од надлежните. Тие тој ги сподели со јавноста.

Сакма јавно да ги презентирам сите записници, кои се обезбедени  и доставени до нас, како локална самоуправа.  Од толку зборување точно  е единствено дека се случила сообраќајка и тоа лесна .  Тоа се случило на ден 24 август годинава, во 8,45 часот на улица Вардарска пред куќен број 24. Учесници се возило марка ,, фолксваген пасат,,  со велешки регистарски таблички, сопственост на Општина Велес, управувана од возачот на Општина Велес,  со возило марка ,,Цитроен,, со таблички   ВЕ 411 КЕ управувано од лицето  Р.П. (1941 год) од Кавадарци. Инцидентот се случил откако возилото ,,Цитроен,,  враќајќи рикверц, бочно удрил во нашето возило. Ова е записник на СВР Велес. Има и други документи. Записник за надомест на штета од компанијата ,,Винер осигурување ,. И тука ги има истите податоци, каде се случило, како се случило, кој учествувал, во кое време.  Недостига само уште  резултатот од крвта на сите учесници, дели биел по дејство на алкохол. Има и документ од поправката на колата, каде е извршено, што е поправено, цената   - изјави градоначалникот Чадиев.

 Тој за овој настан ги покажа сите документи, со тоа што надополни дека истите ги имаат и 23-та советници на Општина Велес, кои ги добиле заради расчистување на дилемите и докажување на фактичката состојба и вистината.   

За сите што се грижеа многу еве ја вистината. Со лаги тие што се служат, нека им служи на честа. Лагата секогаш губи, вистината победува. Чесноста и пред се одговорноста, тие се на прво место  - заврши Чадиев.

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »